Македонија
21. September 2020 - 17:01

Собранието ќе одлучува за вонредните состојби до крајот на месецот

Указите на претседателот на државата Стево Пендаровски со кои ги прогласуваше вондредните состојби за време на екот на Ковид пандемијата ќе се најдат на потврда пред пратениците до крајот на овој или почетокот на наредниот месец. Ова било разговарано на координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери. 

Сепак нема договор помеѓу власта и опозцијата за тоа дали ваквите укази треба да бидат потврдени. 

За да поминат указите потребни се 81 пратенички глас. 

Од опозицијата велат дека имаат забелешки на дел од одлуките за вонредна состојба.

 

 

 

Катерина Нешкова