Собранието ќе одржи две пленарни седници
Во Собранието за денеска се закажани продолженија на две пленарни седници – 71. и 82. седница.
На дневен ред на 71. седница се годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година.
Исто така, ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за работни односи, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка.
На оваа седница, како што е наведено на веб-страницата на Собранието, ќе се разгледува и информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија од 2021 година.
На дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка.
Претениците ќе дебатираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на државата, како и за Предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието, поднесен од неколку пратеници.
Меѓудругото, на дневен ред на оваа седница е и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.
На дневен ред на 82. седница е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законoт за виното.
Ново на Сител
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените