Собранието ќе одржи две седници
Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи две седници. На дневен ред на седмата седница закажана во 11 часот е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија.
По завршувањето на седмата седница ќе продолжи петтата седница на која пратениците ќе ги разгледаат годишните извештаи на повеќе институции за 2016 година. Меѓу нив се извештаите на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено