Собранието на Фенербахче решава за повлекување од турската Суперлига
Утрешното собрание на турскиот клуб Фенербахче ќе донесе повеќе јасност за тоа дали „фенерите“ ќе продолжат да играат во турската Суперлига.
Вонредната седница на највисоката инстанца беше закажана поради скандалот на гостувањето во Трабзон, кога симпатизерите на домашниот тим неиспровоцирано го нападнаа тимот од Босфорот, а поединци, како голманот Ливаковиќ, мораа да одговорат на физичките напади.
Единствена точка на дневен ред е натамошниот статус на Фенербахче во највисокото натпреварување, бидејќи има поборници за напуштање на турската фудбалска елита, во знак на протест и незадоволство од реакцијата на тамошната федерација.
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, го осуди насилството како „апсолутно неприфатливо“, европската „куќа на фудбалот“ најави можна истрага, но Фенер сака правдата да се истера дома.
Поради невидената тепачка, уапсени се 13 навивачи на Трабзон, а пет се уште се во истражен затвор во очекување на покренување на судска постапка и според општата прогноза, соодветни затворски казни за нападот на фудбалерот на Фенербахче.
Без разлика на се, тешко е ни да се замисли дека клубот ќе направи ваков радикален потег, особено во моменти кога се на само два бода од лидерот Галатасарај во нивната вечна битка за круната на националните шампиони. Доколку се биде во ред, тие треба да играат против Адана оваа среда.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година