Собранието не ги поддржа дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 92-та седница го разгледа Предлог законот за дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата, и со 65 гласа „за“ и 27 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање.
Со Предлог законот се бараше земјоделците да добиваат гориво со цена 50 отсто пониска од малопродажната за обработка на земјоделските површини.
Пратениците го разгледаа и Барањето за давање на автентично токлување на член 25 став 1 точка 9 од Законот за даноците на имот, поднесено од пратеникот Марјан Даскаловски од СДСМ и со 55 гласа „за“ и три „против“ заклучи дека не е оправдано и оти нема потреба од негово толкување.
Собранието со 54 гласа „за“ и еден „против“ не го прифати и Барањето за автентично толкување на член 3 од Законот за возила во врска со членот 2 точка 3 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот поднесено од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со 55 гласа „за“ и три гласа „против“ не помина и Барањето за автентично толкување на член 134, став 1, алинеја 4 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Куманово.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал