Собранието не ги прифати измените на Законот за водостопанство

Собранието на Република Македонија во рамки на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 13-тата седница не го прифати Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата. За законот гласаа 29, а против 49 пратеници.
Како што појасни Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ од името на предлагачите, целта на измените на Законот за водостопанство е поголема контрола и изградба на системи за наводнување и заштита на системите што земјоделците сами на сопствено земјиште и со сопствени средства ги изградиле и кои немаат никаква допирна точка со Водостопанство на Република Македонија и постојните водни заедници.
- Се предлага АД Водостопансво да не ги преземе да стопанисува системите за наводнување кои се на опфат од не помалку од 50 хектари и со не помалку од 100 корисници или сопственици на земјоделско земјиште, се наоѓаат на приватно земјоделско земјиште и се изградени од сопствени средства на корисниците кои се здружени во земјоделски задруги или други правни субјекти и за кои има целосна проектна документација и одобрение за градба и водостопанска согласност, појасни Мицевски.
Во реплика Диме Велковски од СДСМ посочи дека предложеното решение со ништо не придонесува земјоделците да добиваат повеќе вода за наводнување.
Панчо Минов од ГРОМ нагласи дека предложениот закон ќе биде од корист на земјоделците од Преспанскиот регион и додаде дека водните заедници се укинаа бидејќи не се покажаа добро во праксата. Со законските измени, додаде Љупчо Димовски од СП, ќе им се помогне на угледни јаболкопроизводители од ресенското село Крани кои вложиле значителни средства во систем за наводнување капка по капка.
Татјана Прентовиќ од СДСМ во реплика посочи дека законските измени се бараат за да се задоволат интересите на мала група земјоделци и додаде дека во змјава има многу системи за наводнување што не се регулирани, бидејќи, како што кажа, водостопанските претпријатија покриваат 30.000 хектари, а 50.000 се нергеулирани.
Претходно со 49 гласови „за“ и 37 „против“ Собранието заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање Предлог законот за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, поднесен од пратениците од опозицијата.
Ново на Сител
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
-

Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк
