Собранието прифати измени и дополнувања на неколку закони

Собранието на Република Македонија утре продолжува со 91.седница на која пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за Центарот за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести.
Предлог-законот за изменување на Законот за полиција и Предлог-законот за скијалишта, се прифатливи и може да поминат во понатамошно односно второ читање, заклучија попладнево пратениците на продолжението на 91.собраниска седница.
Собранието по скратена постапка ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика и на Законот за вработените во јавниот сектор.
Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка, како што рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски повторно ќе се зголеми бројот на вработени во јавниот сектор. Со членот 1 од овој Закон, додаде тој, се дава можност на оние институции кои сега се со помалку од 30 вработени да можат да постигнат број до 50 вработени, а притоа да нема зголемување на ингеренциите, односно надлежностите на институциите. Праша која е потребата од донесување на овие законски измени, што значи и кој ја прави функционалната анализа за потребата од зголемување на бројот вработени согласно ингеренции на институциите како што се Државен инспекторат за земјоделство, Националната агенција за образовни програми и мобилност, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државната комисија за спречување на корупцијата...
Во одговорот до Сугаревски, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска истакна дека реформата што се прави е толку темелна и суштинска што тој не може да ја разбере.
- Ние не зголемуваме, ние намалуваме. Досега во постоечката законска регулатива никогаш немаше ограничување за бројот на работни места во систематизација. Направивме анализа на повеќе систематизации и излезе дека тие изгледаат како кашкавалот со дупки. Зошто, заради тоа што со години не се правеле функционални анализи на реалната потреба за извршување на надлежностите на институциите, рече Арсовска Томовска.
Ние, истакна таа, со закон ставивме ограничувања првпат и рековме дека во 2015 ќе има 100 работни места, уште 50 може да бидат слободни, во 2016 година плус 40, во 2017 плус 30 отсто, во 2018 плус 20 отсто, за на крај, подвлече, да стигнеме до еден балансиран систем. Тој стегнат систем, истакна меѓу другото, е потребен за да можеме да имаме хиерархија и ланец на команда за да можат да функционираат институциите како што треба.
Според пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов, вакви реформи не се прават по скратена постапка, а целта е, како што рече меѓу другото, да се протне законско решение кое теоретски може да има значајно влијание и врз Буџетот на РМ. Николов ја праша министерката Арсовска Томовска кога ќе биде објавен регистарот на јавни службеници, со што ќе се знае бројот на вработени и на државно и на локално ниво.
Министерката Арсовска Томовска во реплика до Николов потенцира дека направен е револуционерен исчекор во организација на институциите на јавниот сектор, како што немало во државата од кога постојат институциите од 60 години наназад.
- Да го прочитавте законот преодните одредби на законот ќе видевте дека тие 10 отсто над бројот на пополнети работни места треба да се достигнат во 2019 година. Тоа што го направивме е револуционерен исчекор. Врз основа на функционална анализа која што имаше обврска да ја направи секоја институција претходно обучена, а која функционална анализа требаше да се содржи податоци за законските надлежности на институцијата, обемот на работа, бројот на систематизирани и пополнети работни места, проценка на ефикасноста на секоја организациска единица во однос на остварување на надлежностите, проценка на внатрешната организација потребна за остварување на надлежностите, проценка на потребните работни места и образложение за потребата на зголемување или намалување итн. Се е направено врз база на анализа, појасни министерката за информатичко општество и администрација и додаде оти оваа реформа е направена со помош на ЕК.
Пратениците ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за авторско право и сродните права и на Законот за здравствено осигурување.
На седницата беше заклучено и оти Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семесјтва и на членовите на семејствата на паднатите борци е прифатлив и може да се даде на второ читање.
Во второ читање, беше заклучено, може да помине и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
