Собранието расправаше за измените на Законот за минимална плата, расправата продолжува утре

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 67. седница ја продолжи распоравата по Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање, поднесен од опозициските пратеници. Расправата ќе продолжи утре.
Со законот се предлага висината на минималната нето плата да биде 11 илјади денари и да важи за сите сектори, како и да се формира фонд за поддршка на стандардот на живот на вработените.
Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека зголемувањето на понудата на работни места секако ќе придонесе за пораст на минималната плата.
- Трендот на намалување на невработеноста многу наскоро ќе придонесе за зголемување на минималната плата во Македонија на 14 до 15.000 денари, рече Деспотовски.
Тој посочи дека догодина секако ќе следи зголемување на минималната плата за вработените.
Горан Мисовски од НСДП порача дека предлагаат минималната плата да биде 11.000 наместо сегашните 8.050 денари за сите гранки вклучително и за текстилната и кожарската индустрија. Тоа, како што рече, би чинело околу 18 милиони евра годишно.
Марјанчо Николов од СДСМ, пак, рече дека во нивниот предлог стои дека се предлагаат дотации од Буџетот за секој вработен во текстилната и кожарската индустрија за да можат нивните работодавачи од 1 јануари идната година да им исплаќаат минимална нето плата од 11.000 денари.
- Тоа, во 2016 година, ќе го чини Буџетот 18 милиони евра, рече Николов.
Ѓорѓи Коџобашиев од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека неговата партија сериозно пристапува кон минималната плата и правата на работниците. Токму затоа, нагласи Владата ги темели своите економски политики врз растот на вработувањето и растот на економијата.
- Затоа не можеме да прифатиме предлог што не се базира на економските параметри, рече Коџобашиев.
Јован Митрески од СДСМ истакна дека предлагаат Владата да им додели финансиска помош на работодавачите од трудоинтензивните и нископродуктивни гранки за да можат да исплатат минимална плата од 11.000 денари преку создавање на посебен фонд.
Васна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за прв пат во Македонија се донесе закон за минимална плата во 2012 година по многу пореговори меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Тоа, како што рече, зборува за серизноста со која е изработен овој законски предлог за разлика од несериозниот предлог за измена на овој закон, поднесен од опозицијата.
- Колку е несериозен предлогот покажува и фактот што не сте ги консултирале оние што треба да ја исплаќаат платата - работодавачите, туку тресете бројки од рака, им порача Пемова на опозициските пратеници.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
