Македонија
16. February 2016 - 8:46

Собранието треба да ја одржи 94. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 94. седница на чиј дневен ред се дваесеттина законски решенија во второ читање.

Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на законите за обезбедување на побарувањата, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, за домување, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавните патишта, за воздухопловство, за градежно земјиште...

На дневен ред, меѓудругите, се и предлог законите за изменување на законите за спречување и заштита од дискриминација, за полиција, за интероперабилност во железничкиот систем.