Собранието треба да ја продолжи 120 седница

Собранието денеска треба да ја продолжи 120. седница, на чиј дневен ред се предлозите за именување директор на Агенцијата за администрација, за избор на член на Советот на јавни обвинители и претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување на комунален отпад, како и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување и за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2022 година.
Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и за Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Либан.
Собранието вчера, во рамки на 120. седница, го поддржа донесувањето на законот за данок на солидарност по скратена постапка. Поддршка за донесување по скратена постапка добија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, како и Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.
Ново на Сител
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
