Собранието треба да одржи три пленарни седници

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани продолжението на 117. седница и 122. и 123. седница.
На дневен ред на 117. седница е само една точка и тоа Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на БиХ за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.
Предлог на законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, Предлогот на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Кредитната банка за обнова по Договорот за кредит за Проектот за наводнување на јужниот регион на Вардар, Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КфВ по Договорот за заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза II, и Предлог на законот за дополнување на Законот за водостопанство, сите по скратена постапка, се на дневен ред на 122. седница.
Во рамки на 123. седница пратениците треба да се изјаснат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, Предлог на закон за изменување на Законот за минерални суровини, поднесен од Владанка Авировиќ, Љупчо Димовски и Стојан Миланов и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, поднесен од: Талат Џафери, Илија Димовски, Џеват Адеми, Рамис Мерко, Магдалена Манаскова, Благица Ласовска, Весна Пемова и Ѓорѓи Коџабашиев, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
-

Наскоро исплата на заостанатите субвенции за сточарство 2023 и 2024, за 2025 предвидени 1 милијарда денари
-

Oхрид за Денот на жената исполнет со гости
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
