Собраниска делегација на годишна сесија на ПС на ОБСЕ
Пратениците Владимир Ѓорчев и Беким Фазлиу учествуваат на 24. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 5 до 9 јули 2015 година во Хелсинки, Финска.
„Потсетување на духот на Хелсинки“, повикувајќи се на основачкиот документ на ОБСЕ, Хелсиншкиот завршен акт, кој беше потпишан пред 40 години во главниот град на Финска е главна тема за дискусија на сесијата, на која се очекува учество на околу 300 пратеници од земјите учеснички и партнерите за соработка на ОБСЕ.
Во рамки на годишната сесија, соопшти денеска собраниската служба за односи со јавноста, ќе се одржат седници на трите комисии на Парламентарното собрание на ОБСЕ: Комисијата за политички прашања и безбедност, Комисијата за економски прашања, наука, технологија и човекова околина и Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања, седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ, пленарна седница и други придружни настани.
Во дневниот ред се вклучени прашања во врска со состојбата во Украина, кризата со мигрантите и бегалците во Медитеранот, контролата на вооружувањето, климатските промени, малцинските права и друго. На сесијата ќе бидат презентирани и резултатите од „Проектот Хелсински+40“, спроведен од страна на ПС на ОБСЕ, со цел за генерирање на идеи за реформа на ОБСЕ, во очи на одбележувањето на 40. годишнината на Организацијата.
Пред пратениците меѓу другите ќе се обратат Саули Ниинисто, претседател на Република Финска, Тимо Соини, министер за надворешни работи на Република Финска, Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Република Србија и претседавач со ОБСЕ, Илка Канерва, претседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Се очекува на сесијата да биде усвоена „Декларација од Хелсинки“, со препораки за широк спектар на прашања во полето на политиката, економијата, животната средина и човековите права, упатени до ОБСЕ и земјите учеснички.
Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите и права и животната средина.
Ново на Сител
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување
-
Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците
-
Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани