Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 27 февруари ќе предводи собраниска делегација во официјална посета на Обединетото Кралство, што се реализира врз основа на официјалната покана од Сер Линдзи Хојл, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство и во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Во составот на делегацијата се: потпретседателот на Собранието Јован Митрески; претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство, Никола Мицевски; заменик-координаторката на ПГ на Коалицијата Европски фронт, Арбана Пашоли и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Согласно програмата, како што соопштија денеска од собраниската прес-служба, предвидени се средби со Сер Линдзи Хојл, спикер на Домот на пратеници на Британскиот парламент, со потенцијалните членови на Сепартиската парламентарна група за соработка со РС Македонија, со парламентарниот комесар за стандарди, Даниел Гриндберг и со претседателот на Комитетот за одбрана, Тан Деси и членовите.
Во рамки на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, ќе оствари одделна средба со Том Голдсмит, генерален секретар/Clerk на Долниот дом на Британскиот парламент.
Претседателот на Собранието и делегацијата, од галеријата на спикерот на Долниот дом на Британскиот парламент, како што се наведува во соопштението, ќе ја следат седницата за пратенички прашања – прашања до Премиерот, која се одржува секоја среда.
Меѓу другите активности, во просториите на амбасадата на РС Македонија во Лондон, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Обединетото Кралство.
Претседателот Гаши и делегацијата се поканети и ќе присуствуваат на предавањето со кое Британскиот парламент го одбележува јубилејот на Советот на Европа - „Советот на Европа: 75 години и понатаму”, кое ќе се одржи во Домот на лордовите под покровителство на лорд спикерот на Домот на лордови, Лорд Мекфол од Алклуит и во присусутво на Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Ново на Сител
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
