Сочуство од претседателот Пендаровски по повод смртта на кралицата Елизабета Втора
Претседателот Стево Пендаровски по повод смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета II, упати писмо со сочувство до Неговото Величество Чарлс III Крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ваше Величество,
Во овие тешки мигови, во име на граѓаните на Република Северна Македонија и во мое лично име, дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство по повод смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета II.
Кралицата посветено и неуморно ја извршуваше својата служба, покажувајќи лидерство дури и во најтешките мигови. Во седумте децении на нејзиното владеење, пораснаа и се развиваа генерации за кои Кралицата беше и остана симбол на лидер кој води преку емпатија, со визија, секогаш подготвена за приспособување на монархијата кон новата динамика на глобалните текови, останувајќи секогаш фокусирана да ја води и претставува својата држава во секој дел на светот.
За време на владеењето на Кралицата, имавме одличен развој на македонско-британските односи, кои се развиваа преку политичките, економските, културните и образовните врски, а поддршката која доаѓаше од Кралицата, преку Владата и членовите на кралското семејство кои работеа во нејзино име, беа огромна помош за позитивно движење на процесите.
Доживотната определба на Нејзиното Величество да му служи на својот народ во Обединетото Кралство и Комонвелтот е пример за јавна служба која ќе остане инспирација за идните генерации.
Во овие тешки мигови, Ваше Величество, примете ги изразите на моето највисоко почитување, со желби за добро здравје.
Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски
Ново на Сител
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка
-
Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство
-
Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија
-
Cтанков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани
-
Засега 12 пациенти префрлени во Белград, изгорениците им покриваат и до 28% од кожата | ВИДЕО
-
Таравари: Пациенти кои вчера не се пријавиле се пријавуваат денес во болница