Сочувство од Димитриев до рускиот премиер Медведев

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев испрати писмо со сочувство до премиерот на Руската Федерација Димитриј Медведев по повод терористичкиот акт во Санкт Петербург.
- Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Санкт Петербург длабоко ме вознемири и растажи. Во името на македонската Влада и граѓаните на Република Македонија, Ве молам примете ги изразите на најдлабоко сочувство и пренесете ги до семејствата на жртвите и до руските граѓани. Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот без страв, пишува Димитриев во телеграмата.
Во неа македонскиот премиер додава дека Република Македонија ќе продолжи да биде партнер на целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот во која, како што пососчува, потребен е заеднички, координиран и одлучен одговор.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
