Македонија
26. May 2019 - 16:26

Социјално ранливите категории ќе имаат олеснет пристап до правна заштита

Донесен е новиот Закон за бесплатна правна помош, чија имплементација и функционалност треба да обезбедат побрз пристап до правдата и правичната заштита на најранливите категории граѓани. Најважна придобивка е во олеснувањето на условите и добивање на бесплатно застапување од страна на адвокат во речиси сите правни области.

Опфаќање на сите трошоци во постапката. Значи трошоците за судски и административни такси, наградата за вештачење, нема да бидат на товар на граѓаните, туку на Министерството за правда и државниот буџет. Граѓаните ќе можат да добиваат бесплатна правна помош без утврдување на финансиската состојба во определени случаи, како и во итна постапка, кога се соочуваат со кратки рокови во кои треба да ги заштитат своите права-изјави Благица Киров, „ЕХО“-Штип.

Точно се утврдени сите обврски на давателите, но и на граѓаните како корисници на правото.

Финасирањето на здруженија ќе биде преку јавни огласи на Министерствто за правда, што значи дека и здруженијата како даватели на бесплатната правна помош ќе бидат по одржливи и ќе можат долгорочно да се развиваат-додаде Киров

Од невладината „Ехо“ од Штип, над 200 граѓани лани побарале бесплатна правна помош, а најголем дел од барањата за бесплатно застапување се за семејно насилство, имотно-правните односи и заштитата на децата.