Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
Орбан нема што многу да понуди, а да е прифатливо за Софија, но неговиот потег да се стави како посредник меѓу Македонија и Бугарија е за поздравување бидејќи во моментов е преговарач со Европската Унија, смета поранешниот амабсадор Јован Донев. Унгарскиот премиер по средбата со Мицкоски од Охрид рече дека има план како Македонија да ги почне преговорите до крајот на годината, но само доколку Скопје и Софија го прифатат неговото посредништво.
Донев вели дека следниот потег што треба да го направи државата, покрај внатрешните реформи, е да го отвори прашањето за македонското малцинство во Бугарија како поединечен тест за државите од Европската унија.
За разлика од Донев, поранешниот амабсадор Зеколи вели дека македонската влада требала веднаш да го одбие Орбан. Зеколи решението го гледа во поголем притисок на Унијата Македонија да ги исполни условите од преговарачката рамка, наместо да ни прогледува низ прсти како што правела досега. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не смеат евроинтеграциите да ги ставаат во 6 или 12 месечни калкулации за локалните избори.
И опозицијата вели дека со разочарување ја примила веста на Орбан дека се нуди за посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија, наместо како претседавач со Унијата да го спречи раздвојувањето на Албанија.
Опозциската ДУИ пак, се насочуваат кон алабнскиот партнер во Владата кој наместо ветената еу перспектива, сега се вртел кон Кина и Русија.
„Поразените албански партии потпишаа предизборна декларација со која ветуваа дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на Уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата. Излажаа. 100 дена сторија скандали кои не уназадија 30 години и ни ја изгубија последната надеж за интеграција во Европската Унија“, пишуваат интегративците на Ахмети.
Бугарија вчера експресно го одби предлогот на Орбан, дури и без да слушне што всушност нуди унгарскиот премиер. Официјална Софија вели дека не
„Европскиот договор со Република Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“, изјавил бугарскиот шеф на дипоматијата Кондов.
Иако со ова пропаѓа обидот за посредништво меѓу Скопје и Софија за да се одглават преговорите до крајот на годината од македонската влада засега без детали што всушност Орбан му понудил на Мицкоски.
Ставот на македонската Влада по одлуките на Брисел е дека треба да се посветиме на внатрешните реформи. Министерот за надворешни работи Муцунски пак, вели дека заканите за целосен прекин на разговорите се нереални бидејки Унијата останува посветена на целосна интеграција на регионот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар