Соколовски (22) осуден условно 3,5 години затоа што бркал Покемони во црква
Русинот Руслан Соколовски (22) е осуден на 3,5 години условна затворска казна, затоа што направил видео снимка и играл „Покемон го“ во една црква.
Судот во градот Екатеринбург го прогласил младиот Соколовски за виновен затоа што со својата постапка ги „навредил црквата и верниците“, како и дека на тој начин „поттикнувал на омраза“.
Во својата одбрана, тој изјави дека не се чувствува за ништо виновен.
Инцидентот се случи во локалната православна црква во овој руски град, во август минатата година.
Соколовски направи видео материјал, сликајќи се себеси како брка покемони во црквата.
Веднаш по појавувањето на материјалот на интеренет, тој бил уапсен.
Судот го осуди и за , наводно, илегално внесување во Русија на „специјална техничка опрема“, откако при претресот на полицијата во неговиот дом , било пронајдено едно специјално пенкало со вградена минијатурна видео камера.
Видеото од црквата за кое беше обвинет и осуден, ги прикажува поранешниот руски цар Николај Втори и неговото семејство. Тоа веднаш по појавувањето успеало да постигне голема гледаност кај руските корисници на интернет.
По изрекувањето на пресудата, Соколовски иако осуден, сепак, бил задоволен.
Во изјавата за медиумите рекол дека им се заблагодарува на новинарите за разбирањето и за подршката.
-Да не беа тие, веројатно, сега ќе издржував затворска казна, изјави Руслан Соколовски.
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата