Солун и Атина денеска без служби за достава

Доставувачите на храна и брза пошта, како и надворешните соработници на компаниите задолжени за дистрибуција со мотоцикли во Грција, од утрово започнаа 24-часовен штрајк, поради што Солун и Атина денеска се без служби за достава.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, вработените во конкретната област бараат службени мотоцикли и опрема за лична заштита, како заштитен шлем, панталони, јакна, ракавици и чизми, со цел да се намалат повредите и смртните случаи.
Денешниот штрајк, како што соопштуваат, е против украдените работни часови, против искористувањето и потценувањето и против теророт од сопствениците, но и за да го кренат гласот за достоинство и во знак на почит кон загинатите колеги на нивните работни места.

Преку постер со пораката „Во четврток на 11 април, не нарачувај“, објавен на социјалните мрежи, се упатува повик за солидарност со штрајкувачите. На сите оние што ги користат доставувачите на храна им се нуди рецепт за сами да подготват макарони.
Ново на Сител
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
