Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде од 15 до 22, а максималната од 32 до 39 степени. UV=8
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.
Според УХМР, од понеделник во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“