Сончево и студено со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.
Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
