Сончево и студено време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус пет, а дневната од два до осум степени.
Во Скопје слично време, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет. Во поголемиот дел од земјава се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, особено во западните делови. Кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во дожд, а интензитетот ќе се намалува.
Повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
