-->
-->
Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
-->

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според УХМР, од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
