Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.
И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Ново на Сител
-
УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата