Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде исто сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.
За време на викендот, утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен кон почетокот на следната седмица.
– Во понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Од почетокот на следната седмица се најавува ветровито време со умерен до повремено засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
