Македонија
1. November 2019 - 17:42

СОНК и МОН повторно без договор

Сонк и МОН повторно без договор. Но, двете страни тврдат се блиску до решение. Кои барања на синдикатот  ќе бидат прифатени ќе се знае идната недела. Од СОНК не попуштаат. Бараат платите да им се зголемат за повеќе од 10 отсто и исплатата да почне од јануари. Ако не одат на генерален штрајк.

Уште една средба заврши без договор но и од СОНК и од МОН тврдат дека се блиску до решение. По состанокот  во Владата на која присуствуваше и премиерот Заев ниту од синдикатот ниту од министертвото за образование не открија детали што може да биде прифатено од  барањата на просветарите,  само поврдија дека има приближување на ставовите.  Но  и покрај напрдокот во преговорите  СОНК  останува на одлуката за генерален штрајк

Од министертвото за образование велат дека  сите опции се на располагање . Целта  е  подобра  состојба во образованието.

Ова е втора средба меѓу СОНК и МОН откако  од синдикатот  ја одбија понудата на Владата платите на просветниот  кадар да се зголемат за 10 отсто  и тоа да важи од април догодина. Тие бараат зголемувањето да биде повисоко и да важи од јануари.

Осве за повисоки плати тие преговараат и за воведување на к-15, исплата на прекувремените часови,   почитување на колективните договори.

СОНК организираше предупредувачки штрајк и на првиот училишен ден поради што учебната година започна со еден ден задоцнување.

Просечната плата во основното и средното образование се движи од 22 до 24 илјади денари, а во високото образование околу 30 илјади денари.