СОНК и МТСП задoволни од средбата, се формираат работни групи за нов колективен договор

Заврши средбата меѓу СОНК и министерството за труд и социјална политика. И двете страни се задоволни од денешните преговори бидејќи има подготвеност од двете страни за изнаоѓање решенија за проблемите во образовните институции за предшколска возраст. СОНК и МТСП уверуваат дека на вработените ќе им бидат рефундирани платите што сега ќе ги добијат намалену поради генералниот штрајк.
Токму ова беше една од главните препреки во преговорите меѓу СОНК и МТСП затоа што со постоечкиот колективен договор во време на генерален штрајк работодавачот, во случајот МТСП им исплаќа само придонеси на вработените и тоа на основица колку припишаниот минималец. Остатоткот од парите од нето платата треба да им ги исплати организаторот на штрајкот, во случајов СОНК.
Ова прашање поинаку ќе се регулира во новиот колективен договор за кој што СОНК и МТСП веќе во вторник ќе формираат работни групи. Следната средба на СОНК И МТСП ќе биде во вторник а веќе утре СОНК има нова средба со министерството за образование.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
