СОНК на нова средба попладнево во Владата во обид за договор
Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) предводени од претседателот Јаким Неделков во 16 часот ќе имаат средба во Владата во обид за договор за нивните барања од кој ќе зависи и прекинувањето на штрајкот во училиштата и градинките почнат на 11 април. Неделков за МИА потврди дека во Владата ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе присуствува и директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE) Сузан Флокен.
Неделков денеска на прес-конференција најави дека можеби попладнево ќе има средба со Владата, меѓутоа, рече, и доколку има средба, мали се изгледите дека може вечерва нешто да се случи за носење нова одлука и сѐ поизвесно е дека утре ќе продолжи штрајкот, но, сепак, како што рече, јавноста вечерва ќе биде информирана.
СОНК на 20 април ги отфрли заклучоците на Владата од нејзината седница претходниот ден и најави дека штрајкот во училиштата и градинките ќе продолжи сѐ дотогаш додека со МОН и МТСП не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања. Неделков тогаш повика на интензивирање на преговорите со конструктивни предлози за час поскоро, како што рече, да се усогласат ставовите.
-Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата помеѓу СОНК, МОН и МТСП односно со Владата. Овој став се темели врз огромниот број дискусии на членовите на Советот, каде што без исклучок се констатира дека со заклучоците на Владата се врши силен притисок врз штрајкувачите… Понудените 10 проценти зголемување на платите во градинките, основното и средното образование по ребалансот на буџетот се „бетонираат“ со заклучокот на Владата и не се остава дополнителен простор за преговори по ова прашање, рече Неделков во средата.
СОНК преговара од март со Владата за исполнување на нивното барање за зголемување на платите за 18,4 отсто во дејностите што ги покрива СОНК – образование и детска заштита. Бара усогласување на платите со миниманата плата, која од минатиот месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.
Ново на Сител
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
-

Мицкоски: Обезбедени се бесплатни учебници во сите училишта во државата, Владата инвестира во децата
