СОНК викендов ќе решава дали ќе го стави штрајкот во мирување
Советот на СОНК не добил конкретен предлог за покачување на платите и затоа до крајот на викендот треба да одлучи за главното барање од Владата, за ставање на штрајкот во мирување, во интерес на враќањето на учениците во клупите и нормалното функционирање на градинките. Ова го изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков по средбата во Владата на која присуствувал и премиерот Ковачевски и министрите за образование и за наука и за труд и социјална политика, Јетон Шаќири и Јованка Тренчевска.
– Добивме некои информации кои повторно не се поврзани со утврдување процент. Сега Советот на СОНК ќе расправа во однос на расправите што ги имавме во Владата и ќе дадеме насоки во однос на членството за изјаснување за главното барање од Владата, во интерес на учениците и децата во градинките, штрајкот да се стави во мирување, се додека за два-три дена, конечено не се дефинира нивниот предлог, а нашето прифаќање или отфрлање, вели Неделков.
Средбата меѓу претставниците на Владата и на СОНК беше на петиот ден од штрајкот во основните и средните училишта и во градинките.
На состанокот во Владата, како што соопшти владината прес-служба, дополнително се разговарало веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.
– Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
-

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
