-->
-->
„Сонот на детството“ – најнова книга раскази од битолчанецот Панде Манојлов
-->
Излезе од печат најновата книга раскази за деца и млади „Сонот на детството“ од познатиот битолски и македонски автор Панде Манојлов.
Во најновото книжевно дело на Манојлов содржани се 40 раскази поделени во два циклуси, „Јазикот на другарството“ и „Куфер со соништа“.
- Содржината на расказите е со универзално значење. Детските соништа се подеднакви, детстките желби се исти, и исто е кога децата се радуваат бидејќи тогаш се радосни или кога тагуваат се тажни. Децата и младите навистина има што да прочитаат во „Сонот на детството“, вели авторот Манојлов.
Писателот Панде Манојлов е автор на 22 книги поезија, проза и критика. Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонско научно друштво-Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје