Македонија
19. October 2023 - 7:54

Сообраќајка ноќеска на бул. АСНОМ меѓу автобус на ЈСП и автомобил, сообраќајот по една лента

На бул. АСНОМ во Скопје ноќеска пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП Скопје и патнички автомобил. 

Информации за состојбата на учесниците во несреќата се очекува да соопштат Министерството за внатрешни работи и Брзата помош чии екипи биле присутни на местото на несреќата. 

Според очевидци, во автобусот на ЈСП немало патници.

На крстосницата се уште има остатоци од оштетените возила, сообраќајот се одвива по една лента и се регулира од сообраќајната полиција.