Македонија
22. јуни 2016 - 13:03

Сообраќајка во Битола кај Бугарскиот конзулат

Вчера во 14.35 часот во Битола на ул.„Мирче Ацев“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Тојота Ајго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б. И. (40) од Битола, удрило во метален објект – куќарка за обезбедување на Бугарски конзулат, сопственост на МВР на РМ.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.