Македонија
27. August 2018 - 14:08

Сообраќајна несреќа на влезот пред Прилеп

Сообраќајна несреќа на влезот пред Прилеп од правец кон Росоман предизвика прекин на сообраќајот повеќе од два часа.

Од ударот, шлепер е попречен на коловозот и оневозможено е минување на возила во двата правци.

Неофицијално, едно лице е загинато. Полицијата врши увид на местото.