Македонија
19. November 2015 - 10:30

Сообраќајна несреќа: Товарен воз излета од шини кај Демир Капија

Товарен воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија - Скопје излета утрово од шините кај Демир Капија. Нема повредени, причинета е мала материјална штета. Железничкиот сообраќај е во прекин.

- При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата  при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави за МИА Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.

Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

- Се прават напори сообраќајот да се пренасочи во другиот колосек, со цел да нема застој во железничкиот сообраќај во тој дел на земјата, информираат од МЖ Инфраструктура.