Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање) на Регионален пат Р1102, делница Велес - Градско, од 26.10.2023 г. до 01.11.2023 г., во период од 08:00 – 18:00 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа "Дади Компани" до бензинската пумпа "Хив".
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство