Македонија
2. September 2020 - 8:20

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

РАБОТА НА ПАТ: Oд 09:15 часот, поради изведување градежни работи во с.Чајле, регионалниот пат Гостивар – с.Чегране e затворен за сообраќај, односно сообраќајот е пренасочен по алтернативни патишта.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија: Од 01.07.2020 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од крак за с. Прналија, 500 м. после аеродромот, спрема викенд населбата (28050км.), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 м. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.