Сообраќајот непречено по зимски услови, намалена видливост кај Демир Капија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 60 м. има во Демир Капија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.
Ново на Сител
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
-

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила
-

ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
-

Општествено одговорни компании во Штип организираа крводарителска акција
