-->
-->
Сообраќајот отежнат, прекини и забрани на дел од патиштата
-->
- На планинскиот превој Ѓавато изутрина во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово - Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМЗабрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.
Како што информира АМСН, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби.
Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.
Поради отстранување одрони во близина на село Истибања, од викендот е во прекин сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица.Се користи алтернативен пат Кочани - Виница - Драгобрашта - Бигла - Македонска Каменица.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива
-

Македонскиот народен театар одбележува 81 година
-

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци
-

Секој електронски потпис издаден во Македонија ќе биде признаен како целосно валиден во Црна Гора и обратно, најави Андоновски
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
