Македонија
27. December 2020 - 18:24

Сообраќајот по влажни коловози, снег на Попова Шапка, магла на патот Велес – Катланово

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Велес – Катланово.