Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози
Ве известуваме дека согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски се продолжува времената измена на режимот на сообраќај при изведба на грaдежни активности - рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница. Времетраењето на времениот режим на сообраќај е до 15 Јули 2022 год. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Ново на Сител
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино