Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа со кашест снег

Сообраќајот на граничниот премин Блаце е нормализиран од 7:30 часот, по прекин од повеќе од два часа поради излизгување на автомобил, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од „Македонијапат“.
Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на граничниот премин Блаце.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси има на патниот правец Тетово - Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употеба на зимска опрема.
Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Свети Николе - Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на нивно расчистување. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи
-

Уставот и законите мора да се почитуваат, вели Мицкоски за барањата за полагање на правосуден испит на албански јазик
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
