-->
-->
Соопштени наградените маски на Струмичкиот карневал
-->
Жири комисијата на Струмичкиот карневал ги соопшти наградените маски на денешната прес конференција.Во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица најдобра е маската „Танцот на Кабаутерите“ на карневалската група „Газели“ од Радовиш, а втората награда ја поделија „Весели марионети“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица и „Етно рапсодија“ на СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.
Во категоријата групна маска со 30 до 50 лица првата награда ја поделија маските „Фламинго“ на групата “Мулен руж-1“ и „Неуништлива вечна љубов“ на Здружението „Струма“ и двете од Струмица.
Кај учесниците во категоријата групна маска со 20 до 30 лица најдобра е маската „Чекор напред“ на групата „Мулен руж-2“, а во категорјата на маски со учесници од 10 до 20 лица првата награда ја освои „Златните потковици„ на групата „Кико стил“. Во категоријата групна маска од 5 до 10 лица првата награда ја освои „Сурва“ на Цветко Багашовски. Тој ги освои и наградите кај поединечните маски од едно до пет лица со „Пушти Стојко рогови“ и „Комарец“.
Во категоријата со алегориско возило првата награда е доделена на маската „Неуништлива вечна љубов“ на Здружението „Струма“ од Струмица.
За најдобра дебитантска маска е прогласена „Струмички шпагети“ на ООУ “Видое Подогрец“ од Струмица,
Паричните награди и плакетите на најуспешните учесници на Интернационалната карневалска вечер ќе им бидат доделени утревечер на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.
Денешните карневалски празнувања во Струмица продолжија со варење и консумирање бел грав по повод првиот ден од Велигденскиот пост, познат во Струмица како Чист понеделник
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
-

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје
-

Возеле со над 150 км/ч, а полицаец им „прогледал низ прсти“ – кривична пријава затоа што ги поштедил од казни од 300 евра
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
