Сопартиец на Меркел бара контрола врз германските џамии
Координаторот на конзервативната пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Парламент, Фолкер Каудер бара џамиите во оваа земја да бидат ставени под зголемена државна контрола.
Каудер е против барањето на сестринската партија ЦСУ од Баварија за воведување на германскиот како официјален јазик во џамиите, но се залага за зголемена контрола на работата на исламските верски објекти.
Според него, проповедите во некои џамии во Германија се спротивни на секуларните принципи на владеење на правото. Како секуларна држава во Германија државата мора да биде над религијата а не обратно, изјавил Каудер за весникот „Берлинер цајтунг“.
- Постои потреба државата да реагира. Мора да постои контрола“, вели Каудер кој е член на христијанските демократи (ЦДУ) на канцеларката Меркел.
Реакцијата на Каудер кој смета дека секуларноста мора да биде прифатена од сите верски заедници и нивни членови, доаѓа по конгресот на антиимигрантската партија „Алтернатива за Германија“ која што бара забрана за градење на џамии и користење на бурка и хиџаб за муслиманските жени.
Ново на Сител
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот