Сопругот на пејачката останува во полиција иако не е осомничен

Зоран Марјановиќ, сопругот на пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ која е пронајдена мртва во неделата попладне во каналот кај насипот во Борча и натаму е во притвор, но го поминал и вториот полиграфски тест, објави ТВ Пинк.
Иако мажот на убиената пејачка веќе го помина полиграфот, задржан е во полиција. Тој имено, во текот на испитувањето бил под влијание на седативи, а при доаѓањето на сослушувањето му биле констатирани повреди на рацето, морал да го повтори полиграфското испитување. Неофицијално, повторувањето е неопходно зошто во текот на првото се дадени некои контрадикторни изјави.
Полиграфското испитување го поминале и родителите на Зоран како и неговиот син од првиот брак.
Инаку, протече информацијата дека убиената пејачка двапати и се јавила на ќерката додека траела потрагата по неа. По првиот телефонски повик никој не се јавувал, а при вториот од другата страна на линијата имало само тишина која траела 43 секунди.
Како што раскажа кумата на Јелена, пејачката последен пат се слушнала со мајка си во саботата околу 15.35 часот, кога и рекла дека оди да трча, по што ќе и донела ручек, зошто била болна.
-Мајката на Јелена повторно и ѕвонела во саботата попладен, околу 10 до 5 кога повикот и е одбиен. Половина час подоцна во 17.20 мајката ја повикала уште еднаш. Тогаш никој не се јавил, само од другата страна се слушнал молк, кој траел 43 секунди, вели кумата на Јелена.
Мобилниот телефона на Јелена е пронајден околу 5 часот утрото, на само 30 метри од местото каде подоцна е пронајдено нејзиното тело. Покрај телефонот полицијата ги пронајде и нејзините патики, шнола и тренерка.
Ново на Сител
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
