Сопственик на угостителски објект нападнат од двајца гости поради сметка

Вчера околу 21:20 часот во СВР-Скопје, 59-годишниот М.В. пријавил дека истиот ден околу 20:30 часот во угостителски објект во Дебар Маало, кој бил негова сопственост, дошлe 33-годишниот Љ.С. и 23-годишниот Д.С. и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа почналe да му упатуваат закани. Во еден момент Д.С. почнал да го удира со електро шок и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото тело. Истовремено, како што соопштуваат од полиција, напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости.
Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Поврзано со ова, во исто време, 33годишниот Љ.С. пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 20:45 часот пред угостителскиот објект во Дебар Маало бил физички нападнат од страна на 29-годишниот Р.М. и 35-годишниот А.А., кои што го удирале со клоци и тупаници во пределот на главата. Причина за физичкиот напад бил претходниот настан што се случил во локалот помеѓу Љ.С. и М.В. Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
