Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
Сопственикот на Алта банка, српскиот бизнисмен Давор Мацура, го шири бизнисот. Преку својата Алта ритејл купува 5 фирми во сопственост на Фортеновата група од Хрватска. Станува збор за маркетите ИДЕА, кои до лани беа познати под името Меркатор С, и ги вклучува Рода, Меркатор и Идеа продавниците.
Вработуваат скоро 8,000 лица, присутни се во 80 градови во Србија со 300 Идеа продавници, 33 Рода маркети и 2 Меркатор хипермаркети. Лани нето загубите им достигнале скоро 35 милиони евра. Останатите фирми кои сакаат да ги купат се М профил - за управување со недвижнини за надоместок, М старт бизнис солушнс - за управување со компјутерска опрема, Супер картица - за испитување на пазарот и јавното мислење, и Ена фут - неспецијализирана трговија на големо.
Бидејќи се присутни во Македонија, преку Алта групацијата, чиј примарен фокус се банкарски и сродни финансиски услуги, доставиле барање за концентрација на моќ до Комисјата за заштита на конкуренцијата. Антимонополска ги повикува сите заинтерсеирани да достават забелешки и мислења во рок од 10 дена, по што ќе донесат одлука.
Инаку Алте во земјава ја купија Стопанска банка Битола, поседуваат и дел од Пелагониај фајнанс Скопје, друштво кое е во ликвидација и не врши никакви активнсоти и Акционерското друштво за осигурување ЗОИЛ Македонија, Битола.
Директорката на Комисјата, Николиќ вели дека документацијата што ја поднеле е во ред и сега се чека да помине законскиот рок, па ќе се произнесат. Инаку Алта ретаил известување поднеле и до Анимонополските комисии во Србија и Хрватска.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
