Соработката меѓу Гевгелија и УНДП ќе биде унапредена со нови проекти

Соработката меѓу општина Гевгелија и УНДП ќе продолжи и ќе биде унапредена со нови проекти и донации, истакна постојаната претставничка на УНДП во земјава, Лујза Винтон на денешната средба во Гевгелија со градоначалникот Сашо Поцков.
Изминативе десетина години со поддршка од УНДП во општина Гевгелија беа реализирани повеќе проекти, а за време на бегалската криза Агенцијата за развој на ОН беше меѓу најголемите донатори на општината.
- Тоа е посебно значајно бидејќи обезбедивме донација од јапонската Влада за подобрување на водоснабдувањето и управувањето со комуналниот отпад. Сега се наоѓаме пред значаен предизвик како за нас така и за општината,а тоа е изградбата на времената депонија за неопасен отпад крај Гевгелија која ќе биде градена според Европски стандарди, рече Винтон нагласувајќи дека изведувачот е веќе избран и дека во тек е тендерската постапка за избор на стручен надзор.
Градоначалникот Сашо Поцков истакна дека со амбасадорката Лујза Винтон се договориле УНДП во идниот период да поддржи проекти во општината кои ќе бидат економски профитабилни, но ќе ги задржат и еколошките заштитни аспекти.
- Концептот на УНДП во потполност се согласува со мојот концепт, а тоа е одржлив економски развој и отворање на нови работни места, но со максимална заштита на животната средина, нагласи Поцков.
Ново на Сител
-

„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа
-

Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ
-

Генералниот директор на МААЕ, Гроси изрази загриженост откако дрон ја погоди зградата на турбината на нуклеарна електрана Запорожје
-

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
-

Историјат на празникот Педесетница
-

Вицепремиерот Николоски во посета на Могила и Новаци
-

Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
