Сослушан докторот кој го лекуваше малиот Раденко кој умре од сепса - Еве што вели!

Докторот Добривоје Бојаниќ, кој му ставил гипс на малиот Раденко Никодиновиќ (8) во Лозничка болница е сослушан денес.
Како што српски Курир дознава тој дал изјава во присуство на тужителот кој го испрашувал.
Исто така според неофицијални информации, сослушани се и неколку лекари кои биле врзани за овој случај.
Министерството за здравство Златибор Лончар изјави денес дека екстерната комисија утврдила за време на лечењето на 8-мо годишното дете во Лозничка Општа болница не е испочитувана процедурата и побарал смена на директорката на болницата.
Да потсетиме, Раденко ја скршил раката на 1 октомври, за време на пад од лизгалка, по што му е ставен гипс во болница во Лозница. Раката почнала да му отекува, а родителите неколку пати оделе кај лекарот кој ги враќал дома.
Тој бил префрлен во Институтот за мајки и деца во Белград, но починал во неделата на 9 октомври, од сепса.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
