Состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Воведно обраќања ќе има и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.
Како што најави Министерството за надворешни работи, на дводневниот состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ ќе присуствуваат голем број претставници на организации партнери на ОБСЕ како и на тинк-тенкови.
Според МНР, формирањето на Експертската мрежа на ОБСЕ претставува уште една одредница постигната во рамки на Претседавањето на Северна Макеоднија со ОБСЕ во 2023 година.
-Оваа мрежа има за цел да ги истражи бројните динамични трендови на соработка во областа на безбедноста во Европа и клучната улога што ја имаат организациите како ОБСЕ и тинк-тенковите во обликувањето на политиките во овој критичен домен, информираат од МНР.
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
