Македонија
23. March 2018 - 9:06

Состанок на Здружението на пневмофтизиолози по повод одбележувањетo на Светскиот ден на туберкулозата

Здружението на пневмофтизиолози на Македонија денеска во ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза ќе одржи стручен состанок по повод одбележувањето на 24 Март, Светски ден на туберкулозата. 

На состанокот ќе стане збор за туберкулозата во Република Македонија 2007-2017, улогата на здруженијата на граѓани во контрола на туберкулозата...

Светскиот ден на туберкулозата годинава се одбележува под мотото „Се бараат лидери за свет без туберкулоза“.